АктуелноБорењеЕвропски првенства
Бронзен медал за Зубаиров на Европското првенство!

Халил Зубаиров го освои бронзениот медал на Европското првенствоо до 23 години во Валбрежич, Полска. Зубаиров во борбата за тертото место го совлада Даниел Рама од Шпанија со 7-1.

Тој мудро ја водеше борбата и недозволи изненадување како во четвртфиналето, кога беше поразен од финалистот Александар Хуштин од Белорусија со 8-6, иако водеше со 6-0, 6-4.
Зубаиров стартуваше одлично, бидејќи во првиот меч го совлада Бугаринот Медевед Гази со 11-1, односно технички туш.
ipon.mk/В.Д.




