Ѓорги Трајковски ќе дебитира на „Мечот на шампионите“

Gorgi Trajkovski i Haruni

Ѓорги Трајковски од БК Шкупи дебито на македонската боксерска сцена ќе го има на „Мечот на шампионите“ во сабота, наместо во Тетово, како што беше предвидено.

Да потсетиме дека Трајковски е млад боксер кој неодамна прејде во БК Шкупи од боксерскиот клуб 1060 од Ѓорче Петров, кој не е член на Боксерската федерација на Македонија, а стана познат по заминувањето на нивниот член Горјан Славески-Гого во САД, за да ја гради својата боксерска кариера, која засега успешно напредува.

„Мечот на шампионите“ го организира БК Аперкат од Скопје, на кој ќе настапат неколку клубови од Македонија, како Аперкат, Ас, Пинк Пантер, Шкендија, Куманово и Нокаут.

„Ќе има 10 борби и неколку воведни. Натпреварите ќе бидат во три возрасни категории: деца (10-14 години), кадети (14-16) и малди јуниори (16-18). Турнирот го правиме по повод пет години од основањето на БК Аперкат, со тенденција да биде традиционален, но со сениори. За жал, немаше пријави во сениорска конкуренција, само нашиот клуб пријави, а тоа резултат на немањето боксерска лига и, воопшто, на бокс“, изјави пред неколку дена тренерот на БК Аперкат Оливер Станков.

Попознати боксери што ќе настапат на „Мечот на шампионите“ се: Андреј Митров, Јасмин Мифтар, Љулзим Исмаили, Илија Младеновски и други.

Турнирот ќе се одржи во салата на БК Скопје во Автокоманда со почеток во 15 часот.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО