Вајлдер: Догодина ќе се борам со Кличко

Vajlder-klicko

Шампионот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер (САД), се надева дека следната година на обединувачки меч за апсолутната светска круна против Владимир Кличко (Украина).

„Пред да се сретнеме, ќе треба да ги исполниме нашите обврски за одбрани против официјалните предизвикувачи. Клучот е во тоа да останам трпелив. Тоа е процес, кој што го вклучува бизнисот. Средбата сигурно ќе се одржи, под услов да продолжам со победите и тоа ќе се случи. Со Кличко иамвме спаринг. Тогаш бев помлад. Колку повеќе поминува времетo, толку поголема предност ќе имам“.

Според коментарите на очевидци, спаринзите со Кличко завршиле многу лошо за Вајлдер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО