Миочиќ: Треба да станам попоуларен, за да имам меч за титулата!

Miocik vika

Целата ситуација со шампионските мечеви во УФЦ личи на конкурс за популарност во средно училиште. Барем тоа е мислењето на борецот во тешката категорија, Стипе Миочиќ.

 „Не сум доволно познат. Тоа е. Од УФЦ бараат популарност, а и навивачите го сакаат тоа. Изгледа навивачите не сакаат да ги гледаат мои дуели … а сакаат да станам популарен“.

Миочиќ победи на 4 од последните 5 средбии, а неговиот единствена пораз е од поранешниот шампион Жуниор дош Сантош.

„Ова малку ми личи на натпреварување во популарност во средно училиште. Но, работите се такви какви што се“.

Миочиќ ќе ја добие својата шанса да блесне и да добие поголема извесност на УФЦ фајт најт 76, кога ќе се сретне со Бен Ротвел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО