Година за паметење на Мила Рељиќ

Младата таеквондиска Мила Рељиќ годинава имаше извонредна натпреварувачка сезона, секако највреден е златниот медал на Европското клупско првенство во Талин, Естонија, каде што освои златен медал. Во дебитантскиот настап на Светското првенство во Гвадалахара, Мексико, го освои деветото месо, поминувајќи две кола. Мила е 11 на Светска ранг-листа сениорки -62 кг.

Со овие успеси таа е една од кандидатките за спортистка на Македонија. Вооедно, таа е на пат да избори норма за Олмписките игри во Париз 2024 година.

Ова се успесите на Мила од ТК Тигри од Скопје под раководство на тренерот Александар Ефтимов:

1.Турција Г2 опен – победа 1 коло, фебруари 2022

2.Европски Президенс куп, Драч, Албанија 2022 – 2 победи – 5 место од 31 натпреварувачка

3.Софија Г2 опен – Март 2022

4.Белгија Г2 опен 30 март – победа 2 кола – 5 место од 36

5.Шведска Г2 опен , 30 април – победа 2 кола 5 место од 32 натпреварувачки

6.Европско сениорско првенство Англија 13-20 мај 2022- немаме учество поради неодобрена виза

7.Австрија опен Г2 29 мај 2022 победа 1 коло

8.Европско мултиевропски игри Г2 5-6 јуни Софија 2022, победа 1 коло

9.Кроација Г2 опен 24-24 јуни, Загреб, Хрватска БРОНЗЕН МЕДАЛ

10.Израел Винерс Г2 опен, 7-8 Август, Рамла, Израел, ЗЛАТЕН МЕДАЛ

11.Европско клупско првенство 22-26 Август, Талин, Естонија – ЗЛАТЕН МЕДАЛ со 4 победи

12.Талин Г2 опен, Талин, Естоника 27-28 август 2022, БРОНЗЕН МЕДАЛ

13.Европско првенство до 21 година, 01-02 октомври, Тирана, Албанија, 5 место

14.Албанија Г2 опен, 3-4 октомври, 5 место

15.Монтенегро Г2 опен, 15-16 октомври, Подгорица, Црна Гора, БРОНЗЕН МЕДАЛ

16.Галеб Г2 опен, 29-30 октомври, Белград Србија, победа 1 коло, 5 место

17.Светско сениорско првенство, 13-20 ноември, Гвадалахара, Мексико, поминати 2 кола, 9 место од 51 натпреварувачка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО