Мек Грегор: Ќе се борам во средна категорија

Конор Мек Грегор ја објави желбата да се врати во УФЦ и да се бори во средна категорија.

„Озлогласениот“ се здебели многу во последната година. Ирската ѕвезда се опорави од тешката повреда што ја заработи летото 2021 година. Конор сега планира да се врати во контролата на УСАДА во февруари и потоа да ја објави својата следна борба.

Мек Грегор е во серија од 2 порази за прв пат во кариерата. Уверен е дека може повторно да се бори на високо ниво. Поранешниот двократен шампион изјави дека сака признание и затоа ќе се качи кај големите момчиња во средна категорија.

„100% сум сигурен дека ќе се борам во средна категорија. Спарирав со борци од средна и полутешка категорија. Многу ме плаќаат, но сакам и признание.

Не случајно сум на овој трон. Работев напорно за да стигнам до ова ниво“, напиша Мек Грегор на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО