Американскиот борач без нозе победи во дебито во ММА (ВИДЕО)

Настанот Гладиjатор Челинџ: Кечос битс ММА се одржа во Сан Диего каде Зион Кларк го имаше своето деби во ММА.

Кларк е роден со редок вроден дефект наречен каудален регресивен синдром, пореметување кое го нарушува развојот на долната половина од телото. Состојбата се јавува кај 1 од 60.000 живородени деца. Зион е роден без нозе, но тоа не го спречува да се натпреварува и да си ги брка соништата.

Противник му беше борецот Јуџин Мареј, кој има скор од 0-4. Мареј ги загуби сите борби со нокаут. За да ја гледаат првата борба на Кларк во живо, заинтересираните требаше да платат 20 долари.

Од објективни причини, беа направени мали промени во правилата на битката. На Мареј не му беше дозволено да ги користи нозете за да го удира и да задава удари со колено во глава. Зион, чие име се појавува 3 пати во Гинисовата книга на рекорди, беше многу сериозен за ММА:

„Јас сум единствен не затоа што немам нозе, туку затоа што имам оган што гори во мене. Живеам по принципот „без оправдување“ и секој ден одам напред. Ја започнувам мојата професионална кариера.

Тука сум да му го пресечам грлото и да приредам шоу“, изјави Кларк во интервју за Фоџ ЛА.

Зион се движеше околу кафезот на рацете. Тој го води животот на ист начин, претпочитајќи наместо инвалидска количка и вештачки екстремитети. Во почетокот борците постапуваа претпазливо. Двајцата се држеа на дистанца, одвреме-навреме си разменуваа удари.

Но, на средината на првата рунда Кларк имаше соборување. Мареј не можеше да одолее на неговиот притисок. Подоцна, борецот без нозе уште неколку пати го собори противникот. Кларк дури можеше да го контролира својот противник на партер.

Ниту Кларк не заостануваше во ударите, но немаше финиш. Борбата дојде до одлука, а судиите едногласно му ја доделија победата на дебитантот.

Големата цел на Карк е да влезе во УФЦ. Зион е огорчен што Дана Вајт потпиша со Хасбула, иако тој не е борец.

Малку е веројатно дека тип како Кларк некогаш ќе се појави на најголемата промоција во светот, но сосема е можно да се бори во помали организации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО