Го испровоцираа, па мораше да им врати: Мек Гергор шокираше со тврдењето за здравјето на таткото на Хабиб!

Роднината Хабиб Нурмагомедов, Абубакар Нурмагомедов објави фотографија за да го провоцира Конор, како Хабиб го дави Мек Грегор во 2018 со порака: „Она, кога е тука коронавирусот и не можеш да дишеш“. Невкусната шега дојде додека 57-годишниот Абдулманап останува во клиниката во Москва по мозочниот удар предизвикан од инфекцијата со Ковид-19.

Не требаше многу Ирецот да му врати, тврдејќи дека „битката“ со корона вирусот во која се наоѓа таткото и тренер на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап е само „лажга“ за Хабиб да избегне да се бори во октагонот.

Инаку, Мек Грегор претходно му посака брзо опоравување на Абдулманап, смета дека ова е доволен доказ дека некој тука ја крие вистината и дека се работи за „заговор“.

„Сфатив дека сè е некое прикривање за Абдулманап. Лажење за да се сокрие неактивноста и повлекувањето од мечевите и да се избега. Ви посакувам добра среќа, но не заборавајте – Алах гледа сè“, напиша Мек Грегор.

Хабиб оваа недела изјави дека Абдулманап останува во сериозна ситуација, но дека можел да разговара со него кратко. Хабиб исто така потврди дека се подготвува за камбек оваа есен против преодниот шамоион Џастин Гетџи.

https://www.instagram.com/p/CByissQFQ3C/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО