Мајк Тајсон го предупредува славниот оскаровец: Ќе ти ја раскажам вистината, но нема да биде убава!

Оскаровецот Џејми Фокс ќе го игра Мајк Тајсон во филм кој на малите екрани ќе ни ја донесе приказната за животот на еден од најпознатите борци на сите времиња.

Фокс со години работи со овој проект, а во последните месеци не излегува од салата во која секојдневно тренира и го прилагодува своето тело за оваа тешка улога. 60 склекови, 60 „дипови“ и 100 склекови – така ја опиша дневната рутина славниот актер.

„Ви гарантирам дека луѓето ќе трчаат по мене на улиците и ќе бараат автограми, бидејќи мислат дека сум Мајк“, рече Фокс во неодамнешното интервју за Марк Бирнбаум.

А дека 52-годишниот актер ќе си ја заврши својата работа добро, убеден е и Железниот Мајк, тврдејќи дека ќе му ја каже на Фокс вистинската вистина за неговиот живот и кариера во боксот.

“Тој ќе направи одлична работа. Во тоа сум убеден и сум благодарен за тоа. Многу сум возбуден за целата работа. Ќе седнам со него и ќе му ја кажам вистината“ , рече Тајсон во интервју со Чарли Мек.

А, како совршена потврда за талентот на Фокс, заради кого многумина се уверени дека совршено ќе ја заврши работата, би можеле да го наведеме биографски филм за Реј Чарлс (Реј) за кој Џејми го освои престижниот Оскар (најдобра машка улога).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО