Кормиер предупреди: Не очекувајте војна меѓу мене и Миочиќ (ВИДЕО)

Ако сметате дека реваншот меѓу Даниел Кормиер и Стипе Миочиќ на УФЦ 252 ќе биде стенд-ап војна со многу удари, подгответе се да бидете разочарани.

Кормиер ги уверува сите дека ќе го направи она што е потребно за да ја врати титулата во тешка категорија, но ќе се фокусира главно на неговата борба. „ДК“ загуби во четвртата рунда со ТКО од Миочиќ на УФЦ 241 и нема пак да ја повтори оваа грешка.

„Неговата нога ќе биде пред мене, чекајќи да ја зграпчам. Тој ќе биде како Картис Блејдс. Ако очекувате да видите војна од 25 минути во стој, нема да ја добиете. Се надевам дека Стипе ги среди боречките вештини, затоа што ќе бидеме во помал кафез и ќе има постојано рушење и борба. Таква ќе биде битката. Жал ми е“.

Кормиер и Миочиќ во моментов се 1-1 и „ДК“ изјави дека по оваа борба ќе се повлече од спортот.

„Сите сакаат да се пензионираат кога се на врвот. Но ако сакаш да остнеш на врвот, некој секогаш ќе сака да ве симне од таму. Затоа, повторно не би ја бранел титулата. Нема да биде ништо подобро од тоа. Трилогија со шампионот во тешка категорија. Што повеќе би можел да посакам? “

УФЦ 252: Миочиќ –Кормиер 3 ќе се одржи на 15 август во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО