Пејџ ван Зант: Заработувам повеќе пари од Инстаграм, отколку во УФЦ

26-годишната натпреварувачка на УФЦ, Пејџ ван Зант, е категорична дека нема да го обнови договорот со УФЦ. Последната борба по договорот е на УФЦ 251, каде што Пејџ во Абу Даби ќе се сретне против Аманда Рибас.

Ван Зант не се борела веќе една ипол година затоа што лечеше повредата на раката за која се потребни неколку операции. Таа не е задоволна од платата во УФЦ.

Пејџ вели дека заработила повеќе пари од „Танц со ѕвездите“ отколку во целата своја ММА кариера. Ван Зант верува дека ќе заработи повеќе пари од Инстаграм отколку од УФЦ и планира да погледне понуди и од други организации по завршувањето на нејзиниот договор.

„Секој ги знае парите што ги заработувам. Земам 46,000 долари за да се појавам и 46.000 за победа. Нема да го кријам тоа, затоа што сите го знаат. Можам да заработам повеќе пари само да рекламирам различни брендови на Инстаграм. Тоа треба да ви кажува нешто. Заработив повеќе пари од „Танцот со sвездите“ отколку во целата моја ММА кариера. Дури и ако ги вклучиме сите бонуси. Ова покажува дека парите се таму.

Сакам да се борам. За оваа битка требаше да ги оставам сите спонзори. Не споделувам ништо на социјалните мрежи. Сега борбата е најважна. Сакам да влезам во кафезот и да ја докажам мојата цена. Никој нема да може да ме убеди и јас ќе станам слободен агент. Поминав 6 години во УФЦ. Верувам дека цената не ми се променила, без оглед на победите и поразите. Оваа битка е најважна за мене и ќе дадам се од себе во неа“, зијави Ван Зант за ЕСПН.

https://www.instagram.com/p/CBzQR96ntP9/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО