Генади Головкин може да се испроба и во ММА

Golovkin udira so

Светскиот шампион во бокс, Генади Головкин,изјави дека е заинтересиран да ги тестира своите вештини во ММА.

„Покрај боксот имам интерес за кошарката, тенисот и многу сакам да гледам УФЦ. Мешаните боречки вештини се голем интерес за мене и понекогаш правам такви тренинзи. Знам како да се борам. Од пред неколку години тренирам во сала, каде што има и тренинзи по борби.

Можеби во иднина би се обидел во ММА. Миленик ми е Kаин Веласкез. Тој е одличен удирач, многу е силен, а во исто време и смирен. Ронда Русеј исто така е добра. Со неа дури имавме општ тренингот, но не се боревме. Претпоставувам, би бил лесна жртва, таа е многу добра во џудо“.

Следната боксерска борба на Головкин е планирана на 23 април против 25-годишниот Американец Доминик Вејд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО