Тајсон Фјури ги кажа имињата на идните тројца противници

Fjuri se smee

Светскиот шампион во бокс во супер тешка категорија на верзиите ВБА, ВБО и ИБО, Тајсон Фјури, ги наведе имињата на боксерите, со кои планира да се сретне во следните три меча.

„Моите следна средби се: 1. Владимир Кличко; 2. победникот од дуелот Мартин – Џошуа; 3. победникот од борбата Вајлдер – Поветкин“, напиша Тајсон Фјури на својот профил на Твитер.

Како што е познато  во моментов Владимир Кличко преговара со Фјури за реваншот во нардните месеци. Како најверојатен се наведува датумот 4 јуни, моментално со најголеми шанси да го прифати мечот е „Манчестер арена“, чиј капацитет е 21.000 гледачи.

Во последните денови во медиумскиот простор се пушти информација дека и 32-илјадниот фудбалски стадион „Хипо арена“ во австрискиот град Клагенфурт, кој беше изграден специјално за Евро 2008,може да биде домаќин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО