ВБЦ се заканува со исфрлање на шампионите кои ќе настапат на Олимписките игри

enthoni joshua cammarelle olympic

ВБЦ ја продолжува битката против Светската боксерска федерација АИБА и нејзината одлука да им дозволи настап на професионалците на Олимписките игри веќе во Рио оваа година.

Претседателот на Светскиот боксерски советот, Маурицио Сулејмен, изјави дека „ниту еден светски шампион во бокс и во кругот на најдобрите 15 во било која категорија на ВБЦ кој ќе настапи на Олимписките игри веднаш ќе биде исфрлен“.

ВБЦ објави дека одлуката била донесена по анализа на боксерската заедница во светот и медицинските советници.

„Не е можно ниту да се замисли, а камоли да се прифати борба меѓу професионални боксери, кои веќе имаат развиени технички вештини против млади боксери, кои штотуку почнуваат со овој процес“, се вели во соопштението.

„Бокс не е игра. Тука не се бројат кошеви или голови. Тоа е контактен спорт кој мора да биде сериозно сфатен. Здравиот разум мора да преовлад, функцијата на сите боксерски тело мора да биде насочена кон боксери здравјето на боксеритре и регулирање на здравствените прописи.

Тоа треба да се земе во предвид дека ВБЦ на Олимписките игри не може да заработи пари и намерно преќутува дека во аматерскиот бокс не настапуваат само почетници, пособено на олимписко ниво. Легендарниот трикратен олимписки шампион Теофило Стивенсон, Ласло Пап и Феликс савон сигурно не припаѓаат на почетниците. Ентони Џошуа го освои олимпиското злато против Роберт Камреле кој во Лондон имаше 32 години и злато од Пекинг, бронза во Атина и две светски титули зад себе.

Одлуката на ВБЦ значи дека ако, на пример, светски шампион во осум тежински категории, Мани Пакијао, ја прифати поканата за Олимписките игри ќе му биде забранета  борба во мечевите за појасите на ВБЦ.

Се очекува дека идејата за професионалните боксери на Олимписките игри во целост би требало да заживее од Токио 2020.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО