Виктор Стојанов го потпиша договорот со Комбат промоушн за борбата во Петрич

Viktor Stojanov crno-bela

Виктор Стојанов, кој по една година пауза им се враќа на ММА борбите. На 4 јуни ќе настапи на настанот Спартакус фајтинг чемпионшип (СФЦ) во Петрич, Бугарија, во организација на Комбат промоушн, а противник му е Џорџ Кечџиас од Грција.

Viktor Stojanov vreska

Стојанов деновиве го потпиша договорот со Комбат промоушн за настап на СФЦ.

„Договор ќе потпишуваме за секоја борба. Така се договоривме. Подготовките течат во најдобар  ред.  Оваа недела ќе започнам со поинтензивни подготовки, односно појаки тренинзи, а поголем акцент ќе дадам на стенд- ап тренинзите. До крајот на подготовките ќе го усовршам овој дел од мојата тактика за голем камбек.

И, нормално, голема победа! Противникот ми е познат. И благодарам на сите за поддршката и на луќето што работат со мене за овој меч“, изјави за Ipon.mk, Стојанов.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО