Зоран Пејов во премиерата на „Светилник“ за Велибор Димитријевиќ

pejov i vebo vo grcija

Сакам да живеам долго и среќно! Ова е идеалот на секој човек и најчестата желба на секого од  нас.

Svetilnik plakat

Многу добро знаеме од што е составено од нашето тело, мускулите, коските, како и дишењето, но дека сите овие елементи се ускладени во телото?

Од каде доаѓа снагата? Многу луѓе ги интерсира ова прашање. Луѓето често одат на јога за да се размрдаат и да медитираат, само да доживеат благосостојба, снага и стабилност. Меѓутоа, дали сето тоа е можно да се доживее преку каратето? Дали е можно постојано да се развиваат умот и телото? Со овие дилеми се занимаваат и авторите на филмот „Светилникт“, кој вечерва ја има премиерата на РТС 2.

Velibor Dimitrijevik pred crkva

Велибор Димитријевиќ со години во Лутраки кај Атина успешно да го организира светскиот камп на Казе-ха академијата. Учесниците се остваерни луѓе од Европа.

Документарниот филм е продуциран и режиран од Мики Миодраг Андриќ, кој и самиот тренира карате, по вокација новинар, снимател е Небојша Ристиќ, а инсталацијата на Милан Јовановиќ.

Pejov vo grcija seminar

Зошто е значаен овој документарен филм за македонската јавност, посебно карате естаблишментот? Затоа што во филмот е застапен и нашиот истакнат каратист и мајстор Зоран Пејов, носител на мајсторски појас 5 дан, од Карате центарот „Пејов“ од Скопје. Да посетиме дека тој е носител на првиот медал во самостојна Македонија од Европското првенство за кадети и јуниори во Кардиф, Велс, во 1993 година, кога Зоран го освои бронзениот медал во борби. Покрај тоа тој е европски шампион во стилски организации и државен првак на Македонија, а со Месопромет ја има титулата екипен првак на Македонија,  односно први во Карате лигата.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО