Гасиев на 8 секунди пред крајот го нокутира Дортикос и избори финале со Усик (ВИДЕО)

Русинот Мурат Гасиев (26-0, 19 КО) го нокаутира шампионот на Светската боксерска асоцијација (ВБА) во полутешка категорија Јуниер Дортикос и ги обеднини титулите во очекување на големото интерес финале на Светската боксерска супер серија за трофејот Мухамед Али. Во финалето ќе се сретне со Александар Усик од Украина.

https://www.facebook.com/boxingscenenews/posts/10155376733632406

И покрај заканите на Кубанецот пред судирот, Гасиев беше многу поагресивен боксер, особено во втората половина од мечот. Се бореа во 12 рунда и на 8 секунди пред последниот удар на гонгот Гасиев го нокаутира ривалот. На Дортикос ова му е првиот пораз, а Гасиев се уште е без пораз.

„Му благодараме на Дортикос за добрата борба. Ова е многу важна победа за мене. И благодарам на сите руски навивачи кои веруваа во мене и дојдоа да ме поддржат. Неодамна мојот брат имаше роденден и победата му ја посветувам на него. Би сакал сите да имаат таков брат или сестра. Напред, Русија“, изјави среќниот Гасиев по триумфот!

Во финалето на Светската супер серија ќе се сретне со Усик, кој беше меѓу гледачите во Сочи. Нивната битка ќе се одржи во мај во Џеда во Саудиска Арабија.

https://youtu.be/cnWA0xW5ugw

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО