Мирко Филиповиќ збесна: „Кое ѓубре сме ние од правна држава“

Мирко Филиповиќ не можеше да го потисне своето незадоволство од хрватското судство, а судејќи по статусот на Фејсбук на тоа го поттиканле две злосторства. Во петокот 31-годишниот Германец Дани Френкел го избодел соседот кај Пожега. Иако претходно убил куче полицијата не го задржала. Кон крајот на минатата недела почна судењето на Давид Комшиќ за убиство на поранешната девојка Кристина Крупљан, а мајката на обвинетиот изјави дека синот го водел на психијатар во Босна, бидејќи и било срам за тоа да се знае во Загреб.

https://www.facebook.com/mirkocrocop777/posts/1483622788430877

„Еве, читам и не верувам. Кај Пожега некој Германец, очигледно ментално болен и луд го избодел соседот додека тој бил во клозетот во сопстевната куќа. Сепак, тоа не би било шокантно ако тој истиот пореметен мнострум пред два дена на друг сосед му го измасакрира, ама буквално му ги измасакрира кучето со ножици за сечење метал, а потоа и со нож. Со ножичките му ги пресече нозете, а потоа со ножот го докрајчи. И полицијата, секако, го приведе, и наместо тоа во истата секунда да добие притвор и по истекот на истиот да добие најмалку 5 години затвор, него го ослободија уште истиот ден ???? ?? !!!!! И секако, болниот по два дена потоа се обиде да го убие соседот и сега несреќниот човек се бори за живот. Кое ѓубре од правна држава сме ние. И тој кој ја донел одлуката да го пушти овој идиот треба во истата секунда да добие клоца по голиот газ и да добие кривична пријава, но, всушност, од тоа нема ништо да биде. Во една Америка тоа сигурно не би се случило, ниту пак таков психопат некогаш би дошол во прилика да нападне некого. Кај нас брзо ќе биде надвор, бидејќи е „луд“ и има „психички пореметувања“. Уште и ако се досети да изјави дека се лечел ка психијатар во Босна, затоа што го било срам во Германија, нема сомневање дека долго ќе биде во затвор. Да му се плукнам“, напиша Филиповиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО