Фјури и Вајлдер на соочувањето стигнаа речиси до тепачка, или … (ВИДЕО)

Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури едвај чекаат да започне борбата која е закажана за в сабота во Гранд гарден арената во Лас Вегас за шампионскиот појас во тешка категорија на ВБЦ. Вајлдер е бранител на тронот, а Фјури се надева дека конечно ќе стигне до појасот кој за малку му избега пред нешто повеќе од една година.

На соочувањето, двајцата боксери долго време се гледаа очи во очи, си зборуваа многу навредливи работи, а потоа започнаа да се туркаат, па доколку не беше обезбедувањето брзо да реагира, малку фалеше да дојде и до физичка пресметка. Сепак, ова е дел од нивната кореогрфаија за привлекување на публика и насочување на вниманието во тешка категорија кон нив.

За потсетување, овие двајца боксери имаа еден дуел и тоа во декември 2018 година, кога мечот заврши без победник. Со таквиот исход, двајцата го продолжија митот на непобедливост.

Фјури досега во кариерата има 29 победи (20 со нокаут) и едно реми, додека билансот на Вајлдер е 42 победи (41 со нокаут) и едно реми. Британецот е убеден во победата, а веќе и откри како ќе ја прослави – со кокаин и курви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО