Руси објавија документрец за Кро Кап (ВИДЕО)

Пред неколку дена рускиот Јутјуб канал „Партнер“ објави одличен документарец насловен „Мирко Кро Кап“, којшто се занимава со легендата на боречките вештини.

Делото е долго повеќе од еден час и се занимава со животот и кариерата на легендарниот борец, кој настапуваше на големите сцени за боречки вештини, како што се Прајд, Дрим, УФЦ и Белатор и кој се пензионира минатата година поради здравствени проблеми. Токму крајот на кариерата на поранешниот освојувач на Гран-прито на Прајд беше мотивот за правење на овој документарен филм. Филмот започнува од „Привалака“ на Филиповиќ кај Винковци, каде и што се родила љубовта на Мирко за вежбање и боречкиот спорт.

Во овој документарец се провлекуваат легендарни кадри од младите денови на Филиповиќ, од самиот почеток на неговата кариера, преку транзицијата од кикбокс во слободна борба, па се до најголемите успеси на сцените како што се Прајд, К-1 или УФЦ.

И, ако не го знаете рускиот јазик, доволно од тоа ќе разберете и ќе може да ја следите работата и да уживате во ова дело. Ако знаете руски, искуството ќе биде уште подобро. Во секој случај, препорачуваме да го погледнете рускиот документарец за легендарниот борец. За само неколку недели на Јутјуб каналот на Партер ТВ овој документарен филм собра скоро 150.000 прегледи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО