Мејведер: Јас сум спортист на деценијата, не Леброн Џејмс

510728858

Флојд Мејведер е избран за најдобар боксер во изминатата деценија во изборот на американските новинари.

На светскиот шампион во пет тежински категории му избега наградата за најдобар американски спортист во изминатата деценија.

Асошиејтед прес таа наградата ја додели на НБА суперarвездата Леброн Џејмс.

42-годишниот пензиониран боксер не се согласува со таа одлука.

„Го сакам Леброн Џејмс, но кога зборуваме за спортист на декадата тоа сум јас. Тоа сум јас Без сомнение. Зборуваме за периодот од 1996 до 2020 година. Никогаш не сум ја добил наградата за најдобар спортист на деценијата и покрај тоа што сум на врвот на листата на „Форбс“ по заработка и сум свој шеф“.

Мејведер својот став го појасни со тоа дека за разлика од Џејмс, тој никогаш не се потпирал на спонзори за да заработи пари.

„За мене не постои Геторејд, го нема Спрајт, ниту Најк не е зад мене. Тоа се компании вредни милијарди и тоа е она што сакаме да го наречеме пласман на производи. Ако платат доволно, ќе го добијат тоа што го сакаат. Да бидам искрен, јас сум најдобриот спортист во последната деценија, всушност во последните две децении ”.

Џејмс беше избран во конкуренција на Том Брејди, Усеин Болт, Лионел Меси и Мајкл Фелпс.

Мејведер, кој не боксирал во поголем дел од последната деценија, го најави своето враќање во рингот оваа година, иако не разјасни дали станува збор за директен или егзебициски меч. Иако пропушти добар дел од декадата, ги победи најголемите ривали Мани Пакијао и Канело Алварез, заработувајќи стотици милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО