77-годишен дедо се справи со крадец (ВИДЕО)

Драматичен инцидент беше снимен од безбедносните камери во Кардиф пред неколку дена. Еден 77-годишен дедо застанува со својот автомобил за да повлече пари од локален банкомат, а кратко време подоцна вооружен крадец се обидува да го ограби.

Безобразниот крадец смета дека неговиот дедо е беспомошен, но голема грешка, затоа што 77-годишниот храбар човек го крева гардот и почнува да фрла удари. Пензионерот одбива да се раздели од парите и се брани со тупаници. За среќа, напаѓачот одлучува да избега. Видеото стана хит на социјалните мрежи, а ликот беше откриен од медиумите.

77-годишниот маж е Тревор Вестон, кој работел како возач на автобус. Станал рано за да си купи весник, утринско издание, и рече дека напаѓачот имал оружје, но тоа не го преплашило. Вестон вели дека никогаш во животот не се тепал, но сепак покажува вештини.

Погледнете го видеото од оваа случка:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО