Пориер: Хабиб е подобар од Тони и ќе го победи

Дастин Пориер веруваше дека му било судено да го победи Хабиб Нурмагомедов, но тоа не се случи. Тие се бореа лани во Абу Даби, каде што Пориер се претстави во многу добро издание, но на крајот, Орелот го натера да се предаде и да ја задржи неоспорната титула. Тоа беше последната битка за Пориер, која требаше да се оперира и планираше да се врати во наредните месеци.

Неговиот колега Нурмагомедов веќе има закажано средба во април против Тони Фергусон во Бруклин. Минатата година Тони одби да се бори против Пориер за привремената титула, затоа што имаше проблеми со менталното здравје. Дастин ја почувствува силата на непобеденивиот Дагестанец и верува дека тој ќе го победи Фергусон затоа што е подобар од него.

„Мислам дека Хабиб ќе го победи Тони. Тоа е ММА и сè може да се случи, но на крајот мислам дека Хабиб е подобар од него. Мислам, штом Кевин Ли и Дени Кастиљо успеаја да го надмудрат Тони со борба, дефинитивно тоа ќе го направи и Хабиб.

Мислам дека Гаетје има вештини  за да одржи борба со Хабиб надвор од мрежата. Ако Џастин држи дистанца во центарот на кафезот, тој лесно ќе се испарви, ако биде срушен. Мислам дека борци кои се подготвени да ризикуваат и имаат вештини за борба можат да му предизвикаат проблеми на Хабиб“, вели Пориер.

https://www.instagram.com/p/B8ZN-pqJYvj/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО