Фирас Захаби: Жорж Сент Пјер е животно, кој може да убие секого

Легендарниот Жорж Сент Пјер во февруари официјално објави дека се повлекува од ММА, но не престана да сугерира дека ќе се врати. Многу сака борба со непобедениот Хабиб Нурмагомедов, но не успеа да се разбере со УФЦ и тоа беше основата за неговото заминување. „Раш“ е во серија од 13 последователни победи, а последниот пораз му е во 2007 година.

Тогаш загуби со нокаут од Мет Сера, но подоцна му се реваншира. Пред две години, Сент Пјер се врати по 4-годишно отсуство и го порази со завршница Мајкл Биспинг, станувајќи шампион во средна категорија и влезе во малцинскиот клуб на тие кои беа шампиони во две различни категории. Сега, неговиот тренер, Фирас Захаби, изјавува дека постојано тренира и чека понуда за голема борба за да го врати во игра.

„Жорж е машина и може да убие секого. Тој е најголем во историјата. Ти велам дека е животно. Тој е чудовиште кој сака да тренира. Сент Пјер ги прави сите свои кругови во салата, а потоа тренира ученици. Тој е голем лудак. Многу пати сме делеле хотелска соба.

Ја заклучува вратата, затоа што се плаши од вонземјани. Жорж може да се врати, но мора да биде многу голема борба. Тој повеќе не сака да биде шампион и да се бори неколку пати на секои неколку месеци. Тоа повеќе нема да се случи. „ЖСП“ сака да тренира и брзо може да влезе во форма, за да се бори 5 рунди. Тој има 38 години, но е како 20-годишен“.

https://www.instagram.com/p/B6WCEPHpzGB/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО