Федор објасни зошто потпишал договор со Ризин на само една борба

fedor jaidep

Легендарниот Федор Емилијаненко објасни зошто потпишал договор за само една борба со Ризин.

Иако го чека разговор со Нобуки сакакибара за нова борба, „Последниот император“ технички не е под договор со јапонската промоција.

„Минатата година извршниот директор, Нобуки Сакакибара, сакаше да потпишам долгоречен договор, но морав да бидам внимателен во врска со тоа прашање. Затоа што треба да видам во каква форма сум, ќе успеам дали ќе закрепнам за следната борба и ќе ја стекнам формата што ја имав пред тоа. И, од тие причини не се согласив на долгорочен договор со Ризин. Договорот е потпишан на една борба, а подоцна ќе видиме“, изјави поранешниот шампион на Прајд за Sportbox.ru.

По победата над Синг Џаидеп, Федор се врати во Стар Оскол да го прослави православниот Божиќ. Тој откри дека во февруари повторно ќе се сретнат со лидерите на Ризин, со цел да разговараат за следната борба.

„Се договоривме повторно да се сретнеме по некое време, за да ги споделиме мислењата и заедно да донесеме одлука. Ризин планира да одржи неколку настани годишно, во кои ќе бидат вклучени сите нашите момци. Што се однесува до моето учество на турнирот, имаме закажан состанок со организаторите во февруари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО