Фаворитот за медал Блоквадѕе го совлада Сејфулаху на ЕП за јуниори (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елмедин Сејфулаху (-60 кг) е поразен од фаворитот за медал Едеми Блоквадѕе од Грузија со 0-8 во кавлификациите на Европското првенство за јуниори во Дортмунд-Германија. По првата рунда Блоквадѕе водеше со 3-0, а во втората направи уште 5 поени.

Нашиот репрезентативец достоинстевно му се спротивстави на фаворитот за медал.

Грузиецот стигна до полуфиналето каде што беше поразен од Стефан Коман од Романија, па така не му се пружи шанса на Елмедин во репасажот. Коман во финалето се бори против Али Рахимзаде од Азербејџан.

На ЕП треба да настапи и Мики Николов.

.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО