Џошуа ќе навива за Фјури, но очекува Усик да победи

Ентони Џошуа уште еднаш проговори за неприкосновената борба за титулата во тешка категорија меѓу Aлександар Усик и Тајсон Фјури, повторувајќи го своето мислење дека очекува Украинецот да победи.

„Усик ќе победи, иако имам себични причини да сакам Фјури да триумфира за да можеме да се бориме. Од лични причини сакам Фјури да победи“, рече „Еј Џеј“ за „Боксинг ТВ“.

Беше објавено дека шеикот Турки Алалшик има намера да организира натпревар меѓу двајцата Британци во септември доколку „Ромскиот крал“ ги обедини сите појаси на 18 мај. Има намера да го одмори Украинецот и покрај неговата загарантирана клаузула за реванш бидејќи верува дека љубителите на боксот повеќе би сакале да го видат Фјури против Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО