Чендлер ги предупреди обожавателите на Мек Грегор дека можеби го гледаат последен пат

Мајкл Чендлер (23-8) изгледа ќе ја чека борбата со Конор Мек Грегор (22-6) откако официјално беше објавено дека ќе се сретнат на 30 јуни во Лас Вегас. Во меѓувреме, започна и промоцијата за УФЦ 303, а стратегијата на Железниот човек е насочена кон тоа да може да го заврши Ноториус и официјално да го пензионира.

„Најверојатното сценарио е да излезам, целосно да го распарчам и можеби последен пат да го видам Конор“, самоуверено изјави Чендлер за ММА час.

Ќе поминат три години откако последен пат го видовме Ирецот во октагонот кога ја скрши ногата на реваншот со Дастин Пориер.

Во меѓувреме и самиот Мајкл Чендлер помина година ипол настрана, а исто така беше сопрен од Дијамантот со завршница во ноември 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО