Катерина Ацевска со два златни медали најдобар женски борец на турнирот во Бања Лука

Катерина Ацевска вчера со два златни медали во две категории У-21 +70 и сениори +70 е прогласена за најдобар женски борец на Меѓународниот џиу џицу турнир во Бања Лука, за што доби плакета.

„Сигурна во својот настап, со одлични борби, полна концентрација и кондиција, борбите ги добиваше рутински.

Во една од финалните борби доби тежок удар со нога во глава, борбата за момент беше прекината, но Катерина брзо се врати во борбата и на крај славеше победа“, истакна нејзиниот тренер Александар Ацевски.

Денес Катерина настапува на меѓународен турнир во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО