Ентони Џошуа и Кубрат Пулев постиганле „начален договор“

Кубрат Пулев и Ентони Џошуа постигнаа „принципиелен договор“ за мечот меѓу нив, оставајќи само да ја прецизираат локацијата и арената во која ќе боксираат. Ова го објави рано утрово Мајк Копингер, угледен новинар во боксерските медиуми.

Според boxingnews24.com, тие ќе се борат во главната борба на боксесрката гала вечер, за која права ги зема стриминг платформата ДАЗН, веројатно на 30 мај или 6 јуни. ЕЏ (23-1, 21 КО) ќе гј брани појасите во тешка категорија на ИБФ, ВБА и ВБО против поранешниот и сегашен предизвикувач за светската титула, Пулев (28-1, 14 КО).

Менаџерот на Британецот – Еди Херн веќе предложи четири локации за мечот. Тоа се Емирати, Тотенхем и Твикхем, како и Принсипалити во Кардиф. Ова значи дека мечот скоро сигурно ќе се одржи во Велика Британија, затоа што тоа е токму стратегијата на промоторот и луѓето околу Џошуа.

https://twitter.com/Big_Larusso/status/1223060838640160768?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1223060838640160768&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D825785

Веб-страницата коментира дека е тешко да се разбере желбата на Херн да биде на гигантски стадион, бидејќи бугарскиот боксер не е популарен надвор од матичната земја и никој не е возбуден од оваа борба. Според boxingnews24.com, луѓето сакале да го видат Џошуа во битка против победникот на реваншот меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури. Имаше дури и навивачи кои претпочитаа да гледаат трет меч меѓу ЕЏ и Енди Руиз Јуниор наместо Ентони да се бори против Пулев.

Меѓутоа, боксерските медиуми коментираа дека Кубрат може да биде закана за Џошуа, бидејќи е во состојба да удри тешко во моменти кога го удира во целото тело. Нагласена е нокаут-победата против Александар Димитренко во 2012 година и победите против Дерек Чисора, Хјуи Фјури и Тони Томпсон.

Неофицијално, веста за договорот ја потврди Боб Арум, кој разговараше за други теми во студиото на ЕСПН. Сепак, промоторот кимна и рече дека „Пулев ќе ја добие шансата што ја заслужува“ на прашањето дали сè е договорено за натпреварот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО