Боб Арум е подготвен да организира меч меѓу Фјури и Пулев

Боб Арум изјави дека прифаќа предлог за борба меѓу светскиот шампион на ВБА (супер), ВБО и ИБФ во тешка категорија Ентони Џошуа, ако Тајсон Фјури успее да го совлада шампионот на ВБЦ Дионтеј Вилд во нивниот реванш во февруари.

Вајлдер и Фјури повторно ќе се борат додека Jошуа ќе го брани појасот на ИБФ против Кубрат Пулев.

Ентони Џошуа сака да се соочи со победникот во меч за обединување на титулите. Поарзениот од Вајлдер-Фјури има право да бара друг реванш, а копромоторот на „Карлот на Циганите“ Арум ги објасни условите на договорот за третиот меч.

„Факт е дека во договорот е наведено оти губитникот во дуелот може да бара трета борба, но ќе добие 40 проценти, а победникот 60. Но од поразениот зависи дали ќе има реванш. Ако во овој случај Вајлдер изгуби и реши да тргне во друга наоска, тогаш дефинитивно Фјури ќе се бори со (Кубрат) Пулев, кој ќе го нокаутира Џошуа. Ако Џошуа ги победи Пулев и Фјури (претпоставувајќи дека ќе го победи Вајлдер) тогаш е на располагање, затоа што Вајлдер не ја активирал клаузулата за трет меч, дефинитивно би организирал борба меѓу Фјури и Џошуа. Тоа ќе биде мегаборба, уште поголема од Вајлдер-Фјури“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО