Дијаз и покрај големата исеченица го победи Фармер за титулата во суперлесна категорија (ВИДЕО)

Џозеф JoЈо Дијаз (31-1, 15 КО) во вториот обид стана светски шампион.

Американскиот олимпиец во 2012 година и поранешен боксер на ВСБ во мај 2018 година загуби на бодови од Гери Расел во борбата за појасот на ВБЦ во перолесна категорија.

Нова шанса доби на настанот на Мечрум во Мајами и со едногласна одлука на судиите го совлада шампионот на ИБФ во суперлесна категорија Тевин Фармер (30-5-1-1NC, 6 КО).

Судиите мечот го бодуваа 116-112, 115-113, 115-113.

Фармер ја повреди раката во првата рунда во дуелот на левучари, но продолжи да се бори и не бараше изговори за поразот: Пружи ѓаволска борба. Немам изговор.

Фармер е во серија од 24 борби без пораз и има право на реванш кој планира да го искористи.

Дијаз по судирот со главите во втората рунда заработи исеченица над левото око од кое повремено течеше крв во окото, но тоа не го спречи, иако Фрамер со прецизни директи ја погодуваше раната.

На Фармер ова му беше одбрана на титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО