Бадр Хари се врати во салата

Легендарниот кикбоксер Бадр Хари продолжи со тренинзите и веќе размислува да се врати во рингот.

Последен пат го видовме во акција минатиот месец на Глори Колишн 2, каде што се сртена со Рико Верховен. Тие се бореа за титулата во тешка категорија и Хари имаше предност, но зарботи уште една повреда и загуби со технички нокаут.

Хари си го скрши глуждот, но очигледно закрепна и се врати во теретана, за повторно да тренира. 35-годишниот борец сè уште нема победа во Глори, забележа 2 порази и 1 без одлука. Официјално, пет години нема победа, но навивачите сепак сакаат да ги следат неговите средби. Нароканскиот нокаутер има уште пет борби од договорот со организацијата и планира да се загрее со една борба, а потоа да бара трилогија со Верховен.

„Се престроктуирам… Немам стрпление“.

https://www.instagram.com/p/B78-fnGllXJ/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B79fJ8UlQX7/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО