Емил Павлов и женскиот тим во борби останаа без бронзи

Наташа Стефановска
Наташа Стефановска

Европскиот првак од Финска,  Емил Павлов (- 60 кг) не успеа да освои бронза на 50. Европското првенство во карате за сениори во Истанбул, Турција. Шпанецот Матијас Гарсија Гомес 6-2 го совлада Павлов. Тој претходно ги победи Гркот Михаил Релијас со 2-0, па Германецот Александер Хајман со 2-1, а во финалето не се пласира поради судиското прегласување во мечот против Софијан Агуџил, откако борбата заврши 0-0. Втората бронза во оваа категорија ја освои Русинот Евгениј Плахутин, кој беше апсолутен фаворит против Марко Антиќ од Србија и победи со 9-0. Во финалето Агуџил ќе се сретне со Лука Мареска од Италија.

емил павлов

Женскиот тим на Македонија во борби, во состав Моника и Наташа Стефановски, Драгана Тодорова и Симона Заборска, исто така е поразен во борбата за бронза против домаќинот Турција, минимално, со 0-1. И без тоа, ова е најголем успех на еден македонски тим во борби во сениорска конкуренција на некое големо натпреварување. Кумите-екипата ја совлада Романија 10-2, Норвешка 2-0, а во третото коло загуби од Хрватска со 0-2. Хрватките се пласираа за финалето, против Русија, а во репасажот добивме шанса против Англија, која беше совладана со 2-0. Во вториот меч за трето место Австрија ја победи Црна Гора со 2-1.

Шанса за бронза има и женскиот ката-тим, во состав Маријана и Мишела Димоска и Пуликсенија Јованоска, во меч против тимот на Шпанија што ќе се одржи утре. Тие остварија две победи – против Англија 3-2 и против Белорусија со 4-1. Во репасажот влегоа откако нѐ елиминира Германија во 3. коло со 1-4.

Утрово, Мартин Несторовски освои бронзен медал во категоријата над 84 кг. ој го победи Португалецот Фелипе Реиш со судиско прегласување, откако борбата во регуларниот дел заврши нерешено, 1-1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО