Реџелари, Зубаиров и Хамикоев имаат шанси за медал на Европското првенство!о!

Јасин Реџелари
Јасин Реџелари

Македонските репрезентативци во борење слободен стил вечрва тргнаа за Валбржич, Полска, каде од 24 д0 29 март се одржува првото Европско првенство за младинци до 23 години, кое одговара на квалитетот на сениори.

На пат за Полска отпатуваа Јасин Реџелари (-61 кг), Бехар Махмути (-70 кг) и Бесмир Весели (-74 кг), предводени од селекторот Тони Танчев.

-Сите се добро подготвени и нема повреди. Најмногу очекуваме од Јасин Реџелари и тој треба да се вмеша во борбата за медал. Тој имаше добар настап на „Петко Сираков“ во Бугарија. Но, ќе нагласам дека некои работи зависат и од жребувањето, па, затоа, ако имаме поволен жреб, може да се надеваме на добри резултати, – ни изјави селекторот Танчев.

Тој немаше конкретен одговор дали на репрезентацијата ќе и се придружан вардаровците Халил Зубаиров во слободен стил и Тимур Хамикоев и Кристијан Пешко-грчко-римски стил.

Се надеваме дека набрзо Федерацијата за боречки спортови на Македонија ќе има конкретни сознанија.

Врадарци неизвесни за ЕП

Претседателот на ФБСМ, Чедо Николовски, вели дека сите трошоци за ЕП на нашите репрезентативци ги сноси Македонскиот олимписки комитет (МОК), освен за Кристијан Пешко, чие патување ги покрива неговиот татко Љубиша Пешко.

-Јас сум оптимист имаме шанса за медали. Имавме мали проблеми околу статусот на Халил Зубаиров, но Русија ни прати одобрување за него и тој без никаков проблем може да настапува за нашата репрезентација. Имајќи ги во предвид последните настапи на Реџелари, тој е еден од фаворитите за медал, како и Зубаиров и Хамикоев, – истакна Николовски.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО