Џошуа за борбата против Фјури: Колку побрзо, толку подобро

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа изрази надеж дека ќе се бори со актуелниот шампион во дивизијата Тајсон Фјури во втората половина на следната година. Двајцата беа блиску до меч наесен, но преговорите пропаднаа, а Фјури заврши со Дерек Чисора на 3 декември.

„Од моја страна, би сакал да ја имам таа можност, бидејќи колку повеќе одложуваме, тоа не е добро за никого. Така да, би сакал да видам таков натпревар. Му посакувам среќа во следниот меч. Ако победи, претпоставувам дека ќе се бори за апсолутен светски шампион, а јас ќе имам меч со друг боксер. После тоа, ако победиме двајцата, можеме да размислуваме за борба меѓу нас“, прокоментира Џошуа, кој загуби два меча по ред од Украинецот Александар Усик.

Еј Џеј го предупреди својот сонародник дека не треба да го потценува Чисора во претстојниот судир, иако веќе двапати го победил.

„Тоа не е лесна задача, не е само уште еден ден во канцеларија. Зборуваме за натпревар за титулата во тешка категорија. Луѓето можеби мислат дека ќе му биде лесно бидејќи е број 1 во дивизијата, но мора да ја сфати бирбата многу сериозно. Им посакувам многу среќа и на двајцата“, додаде Џошуа за ID Boxing.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО