На Чарлс Оливеира му понудиле реванш против Ислам Махачев во Бразил, До Бронкс го одбил тоа

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Чарлс Оливеира имаше крајно турбулентен период зад себе.

Од мај 2021 година до октомври годинава имаше четири меча, на три се бореше за титулата, а на еден беше претежок, па промоцијата му го одзеде појасот.

Во тој меч во мај годинава го победи Џастин Гејџи, а потоа доби шанса да ја врати титулата против Ислам Махачев.

Но, во тоа не успеа, минатиот месец Дагестанецот со сабмиш во втората рунда го совлада До Бронкс.

Тренерот на Оливеира, Диего Лима, тврди дека Чарлс добил понуда од УФЦ за реванш против Махачев.

Наводно, сакале да го договорат мечот за 21 јануари кога ќе се одржи настанот на УФЦ во Рио де Жанеиро.

„Пред натпреварот против Махачев покажавме интерес борбата да ја има во Рио де Жанеиро. Една недела по борбата УФЦ се јави и понуди реванш против Махачев во Рио. Тие секогаш беа фер кон нас, а Чарлс требаше да одлучи дали го сака тоа враќање или не“, изјави Диего Лима и продолжи:

О„ливеира не беше повреден, но емотивно се распадна и е под голем стрес, што е повеќе од физички замор. Тој е единствениот борец кој во една година се бореше против петте најдобри. Шампионите обично се кријат, сакаат да се борат еднаш годишно, а Оливеира не е таков. Сепак, настанот во Рио доаѓа пребрзо. Ние сме повеќе за Чарлс да се одмори добро“.

Ислам Махачев ќе ја направи својата прва одбрана на титулата во лесна категорија на УФЦ на 12 февруари во Перт против шампионот во перолесна категорија Александар Волкановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО