Џон Џонс со голем интерес го следеше мечот Нгану-Гане: Ќе ги разбијам и двајцата

Фансис Нгану го победи Сирил Гане на настанот УФЦ 270 во Анахајм со едногласна одлука на судиите и ја одбрани титулата во тешка категорија.

Двајцата борци беа многу тактички настроени, па не гледавме многу размена на удари, а Камерунецот дојде до победата со боречка техника. Во текот на мечот неколку пати го соборуваше противникот.

Откако го освои појасот минатата година со победата против Миочиќ, се шпекулираше дека негов следен противник треба да биде еден од најдобрите борци на УФЦ, Џон Џонс. Но, поранешниот шампион се уште го чека своето деби меѓу тешкашите.

Џонс со голем интерес ја следеше пресметката помеѓу Нгану и Гане, а за време на средбата беше активен на социјалните мрежи.

„Ако тоа е врв во тешка категорија, возбуден сум поради тоа. Очигледно имам уште некои рекорди за соборување“, напиша тој во еден твит, а потоа во друг рече:

„Ми се допаѓа што новото момче ги импресионираше сите“.

Тогаш навивачите му порачаа дека е подобро уште да одмора, бидејќи кога ќе влезе во рингот во тешка категорија, ќе ја загуби таа борба.

„Ох, срање, подобро да продолжам да уживам во пензија“, одговори Џон Џонс.

Бонс продолжи да објавува твитови, а последниот беше избришан, но не доволно брзо.

„На крајот на денот би ги скршил и двајцата“, напиша Џон Џонс во неодамнешниот твит.

Ќе биде ли Боунс следен противник на Френсис?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО