Предаторот ја одбрани титулата: Сега барам повеќе почитување

Камерунецот Френсис Нгану ја одбрани титулата во тешка категорија на УФЦ. На настанот УФЦ 270 во Анахајм Предаторот го победи Сирил Гане со едногласна одлука на судиите и ја одбрани титулата во тешка категорија.

Тоа беше 17-та победа во кариерата, шеста во низа и прва што ја доби со судиска одлука.

Нгану триумфално ја активираше клаузулата според која договорот се продолжува за уште две борби или за една година.

Неодамна повтори дека УФЦ се однесува лошо со него, а не го третираат како шампион.

Очигледно изјавите на Френсис не му се допаднаа на претседателот на УФЦ, Дана Вајт, кој не го стави појас околу половината на шампионот, туку тоа го стори мечмејкерот „Мик Мејнард“.

На прес-конференцијата не можеше да објасни зошто Вајт не му го врачи шампионскиот појас, па се изненади што газдата не е ни блиску.

Шампионот се надева дека сега може да добие некои отстапки во новиот договор.

„Долго време размислувам за мојот статус во УФЦ, а парите не се толку важни. Имам чувство дека промоцијата се однесува лошо со мене, не се чувствувам слободен. Даваме многу во тој спорт, се жртвуваме и мислам дека треба да имаме поправеден однос“, рече Френсис Нгану и додаде:

„Поминав низ многу работи и не добив ништо. Немам многу избор, но целосно сум смирен. Сигурен сум дека моите одлуки се исправни“.

Предаторот ги откри своите планови.

„Во последната година покажав волја да останам во УФЦ и да потпишам нов договор. Барам повеќе почит. Можевме веќе да се договориме и да потпишеме нов договор. Сега сме во позиција каде што сме лути еден на друг“, рече шампионот и продолжи:

„Ја изгубив желбата за борба и престанав да уживам во тоа. Не сум среќен кога си играат со мене. Се трудам да останам смирен и се надевам дека се ќе испадне добро на крајот“.

Френсис Нгану заработи 600.000 долари за борбата со Сирил Гане, а ќе добие и процент од продадените трансфери на ППГ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО