Сирил Гане: Нгану само го одложи неизбежното

438

Сирил Гане побарал реванш од Френсис Нгану. Францускиот борец веднаш по мечот со „Предаторот“ најави дека двајцата повторно ќе се сретнат во октагонот. Тој побара тоа да се случи што поскоро за да се промени исходот во негова корист.

Нгану ја одбрани титулата во тешка категорија на УФЦ, откако ги воодушеви сите со својот настап. Наместо да се потпре на своите моќни тупаници, Камерунецот го изненади предизвикувачот со перфектна граплер изведба. Многумина го споредија со „големиот“ Хабиб.

Поради неговото штедливо однесување, Нгану ги ограничи постапките на Гане. Тој го држеше противникот подалеку и ги демнеше неговите моменти. Така што очекувањата за спектакл не беа оправдани, но влогот на битката беше навистина огромен.

„Честитки Френсис. Се претстави подобро, немам што да кријам. Но, Нгану едноставно го одложи неизбежното. Ќе ја освојам оваа титула. Ќе се му се реванширам, тоа е сигурно. Поразот беше само пречка на патот кон врвот и ќе се искачам“, категоричен е Гане.

Французинот го доживеа првиот пораз по 10 последователни победи во кафезот. Тој исто така одржа прговори на социјалните мрежи.

„Знам, по победите не пишував, ќе го направам тоа по поразот. Тој ги користи своите сили за да ги ограничи моите. Направи малку повеќе од мене, што беше доволно. Но, ќе извлечам поуки и ќе се вратам посилен, ви ветувам“, напиша Гане.