Дубоа ја продолжи победничката серија со експресен нокаут (ВИДЕО)

Не му требаше многу време на Даниел Дубоa да ја запише својата 15-та победа во професионалниот ринг. Британецот победи со технички нокаут на почетокот на вторaтa рунда против Рикардо Снајдерс од Холандија, кој се покажа како многу незгоден ривал за еден од најголемите таленти во тешка категорија.

Тоа беше 14-та победа со нокаут за Дубоа, кој сè уште не го почувствувал вкусот на поразот. Снајдерс го претрпе вториот пораз. Поранешниот кик-боксер не пружи отпор и едвај ја преживеа првата рунда, но на почетокот на втората уште еднаш беше соборен и судијата го прекина мечот.

https://twitter.com/Boxing_UK_/status/1299827892663263233?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1299827892663263233%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D860120

Дубоа брзо почна да го удира Холанѓанецот, кој беше премногу бавен. После левото кроше во телото Снајдерс беше соборен. Успеа да се исправи и да продолжи, но беше испратен на подот уште два пати во првата рунда. Дубоа се чинеше лут што не го заврши противникот пред ударот на гонгот и во првите секунди од втората го собори по четврти пат, а судијата го прекина мечот.

Средбата во Лондон беше дел од подготовките на Даниел Дубоа за долгоочекуваниот судир со Џо Џојс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО