Историско снимка – Зоран Петковски го освојува првиот сребрен медал за Македонија на ЕП во кик бокс (ВИДЕО)

Се појави видео со историско значење за македонскиот кикбокс, односно освојувањето на првиот сребрен медал на Европското првенство во кик бокс во Белград во 1996 година од страна на Зоран Петковски.

„Конечно, со помош на Дејан Костов дојдов до мојата полуфинална борба на Европското кикбоксинг првенство во Белград 1996 година во која го нокаутирам шампионот на Русија, Кротов на почетокот во првата рунда и го освојувам првиот сребрен медал од ЕП во кикбокс за Македонија! Ви ја споделувам мојата огромна радост во тие моменти. Посебно ми е драго што изгледа така лесно, и како српските тренери беа збунети „како е ова можно“. Гласно прашуваа што се случува и кој е овој борец. Така се создаваше македонската кикбоксинг историја“, напиша Зоран Петковски на својот Фејсбук профил.

https://www.facebook.com/1098771993/videos/10217377232398301/?extid=ajEYsJimrtjFNIxw

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО