Државно првенство во кик бокс: Фаворитите во добра форма пред Светското првенство!

Boban Ristevski 2015-09-19 14.54.29

Вчера се одржа Државното кик бокс првенство за сениори во Скопје кое беше изборно за Светското првенство во Белград следниот месец. Првенството му беше посветено на неодмана починатиот Димче Кичевски, кој е легенда на македонското карате, а голем дел од својот живот го посвети на кик бокс спортот како тренер и селектор.

izborno-prvenstvo-kik boks

Една од најинтерсните борби на првенството беше меѓу Бобан Илиоски (Шампион) и Дејан Ристевски (Самурај) до 75 кг во лоу кик, при што до израз дојде ножната техника на Бобан, додека битолскиот кикбоксер покажа голема вештина во работата со раце. Сепак, Илиоски беше подобар и заслужено ја освои титулата. Илиоски се закити и со титулата во К-1, а со двојна титула е и Димитар Георгиев, во лоу кик и кик лајт.

За нашите најдобри кик боксери тешко се наоѓаат противници, па мораат да настапуваат и во потешки категории за да имаат настап и одржување на натпреварувачкиот дух. Мики Ивановски мораше да оди во потешка категорија.

Како и што се очекуваше Државни прваци станаа Мики Ивановски, Димитар Георгиев, Александар Димовски, Милан Кубин, Златко Стојменовски итн.

На првенството учествуваа 118 спортисти од 19 клубови, а КБК Каринг и Александар Стојковски се покажаа како добри организатори, едно од најдобро организираните првенства.

Drzavno kik boks so Kubin2015-09-19 14.44.27

Селекторот Дејан Митровски по првенството искажа задоволство од прикажаниот квалитет на борбите, како и од подготвеноста на самите кик боксери. Со списокот за кандидати за репрезентација ќе се произнесе во најкраток можен рок.

ЛОУ КИК

Жени

(+70 кг)  Моника Иванова  (Зоран тим Струмица)

Мажи

(-63,5 кг)  Денис Муаремовски    (Зан шин  Битола)

(-67 кг)      Пепи Велков  (Зоран тим Струмица)

(-75 кг)    Бобан Илиоски (Шампион Скопје)

(- 81 кг)      Димитар Ѓорѓиев (Гладијатор Неготино)

(- 91 кг)      Милан Кубин  (Водно кик  Скопје)

Dimitar georgiev na Drzavnoto

К-1

(-67 кг)    Златко Стојменовски  (Скопје Скопје)

(-71 кг)    Наумовски Александар (Калифорнија академи)

(-75 кг)     Бобан Илиоски (Шампион Скопје)

(- 81 кг)     Мики Ивановски (Сан лион Делчево)

(+91 кг)    Александар Димовски (Самурај Битола)

Drzavno kik boks Boban2015-09-19 15.05.06

КИК ЛАЈТ

Жени

(-70 кг) Стефани Тодорова (Фајт тим  Скопје)

Мажи

(-74 кг)  Наим Самиу  (Тетова Тетово)

(-69 кг)  Ненад Манојловски (Шампион Скопје)

(-79 кг)  Димитар Ѓорѓиев (Гладијатор Неготино)

(-89 кг) Адем Адеми (Тетова Тетово)

(+91 кг) Валентин Јовиќ (Зоран тим Струмица)

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО