Чурино: Почитта како спортист од ФФЦ е нов предизвик во поразот!

Dimitrov vo akcija 2

Ристо Димитров не е разочаран и покрај поразот од Мануел Билиќ на ФФЦ 19 настанот во Линц. Откако поминаа два дена по борбата, тој со ладна гледа ја анализира пресметката, но и се она што се случувало во австрискиот град.

Dimitrov pozdravuva

Како прво, почнувам со тргнувањето и се друго, организциски беше прекрасно“, вели Димитров.

Споредувајќи ги овој настан и оној во Скопје, Ристо има само убави зборови за се она што му се случувало и го правело достоен спортист.

Како во Скопје, така и во Австрија, хотелот беше убав. Организаторите нон-стоп ни беа на располагање. Имаше организиран лет од Скопје заВиена и од Виена за Линц. Имавме убав пречек на аеродромот, а потоа не сметсија во убав хотел. Мерењето помина прекрасно. Се беше организирано до детал“, воодушевено раскажува нашиот ММА борец, истакнувајќи дека Типс Арената е прекрасен спортски комплекс.

Dimitrov Bilic soocuvanje

Чурино ја опишува прошетката во Линц и вели дека е многу убав град со голема историја.

Наредниот ден, за време на настапот, се било беспрекорно организирано и се и било ставено на располагање.

Уште еднаш се осврнавме на борбата со дистанцирана трезвеност.

Dimitrov vo akcija

Бев подготвен. Се беше во ред. Кога почна борбата се одеше како сакав. Сакав уривање на земја и завршување со полуга. Што и ми тргна. Ама од што сакав побрзо да го завршам се избрзав, односно не се наместив во добра позиција. Тоа ме чинеше губење на позицијата, која на крајот ме доведе до позиција што ја посакуваше противникот, која му овозможи да пласира многу удари и да ме победи“, анализира Ристо Димитров.

Со крената глава и вистински спортист тој нагласува дека оди понатму и ги чека новите предизвици.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО