Драматично обраќање на Димса за слата на БК Пелистер: Од легенди и репрезентативци до руина и ѓубре! (ФОТО)

Sala pelister od nadvor vrata

Боксерот и кик бокс репрезентативец Александар Димовски – Димса реагираше мног емотивно за состојбата во која се ноаѓа салата на Боксерскиот клуб Пелистер од Битола, која дал многу имиња на македонската боксреска сцена, а своевремено се натпреваруваше и во Првата југословенска лига.

sala pelister tavan

„Ова е објектот и салата на БК Пелистер – Битола. Ова место има пребогато минато. На ова место поминале многу боксерски легенди, имиња кои оставиле белег во боксот во Македонија и пошироко. Во оваа сала и ние упорно продолжуваме со макотрпни тренинзи, со волја и мотив дека ќе успееме барем мал дел да постигнеме од успесите кои ги донеле нашите предходници. Од оваа сала постигнавме какви-такви успеси.,Од оваа сала станавме репрезентативци на Македонија и гордо ги браневмее боите на нашата татковина на Светски и Европски првенства. Се надевам дека од оваа сала ќе излезат уште многу далеку подобри спортисти од нас, но надешта се губи задено со пропаѓањето на нашта сала, која го достигна дното и, најверојатно, и своето постоење. Колку за информација, таа е изградена некаде околу или пред втората светска војна. Еве, ова се дел од проблемите со кои ние секојдневно се бориме и пробваме да ги победиме, но некако не ни оди. Се извинувам на сите на кои им бев досаден со мојот пост, меѓутоа морав да споделам во име на СПОРТОТ И МЛАДИТЕ ГЕНЕРАЦИИ КОИ ТРЕБА ДА НЕ НАСЛЕДАТ“, се обрати драматично Димса!

salata na Bk Pelster od nadvor 2

Ова е само уште еден неприкосновен факт во каква состојба ни е боксот.

Sala Pelister tusevi

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО