Фреди Роуч: Мејведер од мене побара да го тренирам Мек Грегор

Fredi Rouc faca

„Мејведер дојде кај мене и побара да го тренирам Мек Грегор – би направиле многу пари, ако мечот се одржи“.

 „Му реков дека ќе ми требаат барем 3 години, за да подготвувам ММА борец за средба со боксер од ваков ранг. Не верувам дека е фер – Мејведер ќе го победи, како и да гледаме. Мек Грегор е жилав, да, но тоа не е доволно во боксот“.

Шампионот во перо категорија, Конор Мек Грегор, веќе со претседателот на УФЦ, Дана Вајт, ја разгледува можноста за реваншот со Нејт Дијаз и веројатноста на средбата со Флојд Мејведер Јуниор, за која шансите се мали. Нејт Дијаз неодамна истакна дека ќе се сретне со Ирецот на УФЦ 202, но се уште ништо не е сигурно.

 Мејведер, пак, е толку убеден дека средбата ќе се одржи и дека отишол кај еден од најдобрите тренери во светот, Фреди Роуч, за да го замоли да го тренира „Ноториус“. Тој,, од своја страна, изјави дека нема начин да подготви Мек Грегор за средбата со Мејведер за толку краток рок – потребни му биле барем 3 години тренирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО