БК ВАРДАР бара изјаснување на ФБСМ за тепачката во Радовиш, ако не случајот ќе биде предаден на Европската и Светската организација

Ljubisa Pesko portret

Боречкиот клуб Вардар од Скопје се заканува ако не се постапи по барањето на нивниот тренер Љубиша Пешко да се предадат на Дисциплинската комисија лица и функционери на БК Лирија од Скопје кои на Државното изборно првенство во Радовиш го нападнале физички.

Baranje od Pesko

„Да се предадат на дисциплинска постапка лицата и функционерите од БК Лирија, кои што без никакви причини физички ме нападнаа по финалната борба до 57 кг Сејфулаху – Егоров: Седат Бафтиу, Ахмет бафкаровски и уште десетина членови од БК Лирија“, наведува Пешко во барањето од 13 февруари оваа година.

Како сведоци Пешко ги наведува сите присутни престваници и лица од Блакнец, Тефејуз, Неготино, Работнички, Тигар/ Безбедност, лица од УО на ФБСМ, секретарот, директорот и претседателот на ФБСМ. Тој предлага овие лица да се исклучат од сите тела на ФБСМ, за да нема девијантни појави.

ElmedinSejfulahu Egorov

Сепак, по ова барање, досега не е постапувано, па затоа од БК Вардар бараат: „По член 12 од Дисциплинскиот правилник писмено известување од Дисциплинската комисија, за извршениот физички напад на Изборното првенство во Радовиш и увид во изречените дисциплински мерки против сторителите, на 13.02.2016 (да не се оправдува некој на застареност на делото, член 9).

Доколку не добиеме писмен одговор од Дисциплинската комисија , или решение од УО на ФБСМ, ќе бидеме присилени делото да го предадеме до ЦЕЛА/ ОБС (CELA/UWW) и други институции, каде што бараме виновните да бидат казнети според цлен 21, став Б точка 3 и став В точка 3“.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО