Џошуа се пофали дека се сликал со Новак Ѓоковиќ (ФОТО)

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија Ентони Џошуа не пропушти да се пофали на неговиот Твитер профил со тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ.

„Вистински скромен човек! Се најдобро во наредната година“, напиша Џошуа на својот пост.

Ноле се подготвува за новата сезона, но се уште не е целосно опоравен од повредата која го остави со месеци надвор теренот и одби учество на турнирот во Абу Даби во последен момент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО