Борче Костовски: Македонското таеквондо со историксите резултати стана препознатливо во Европа!

Претседателот на Македоснката таеквондо федерација, Борче Костовски, направи осврт на натпреварувачката 2017 година и констатира дека се постигна историски резултати, пред се за македонскиот спорт, а и за македонското олимписко таеквондо.

„Македонското олимписко таеквондо во последниот период станува исклучително препознатливо во регионот. Но, мораме да потенцираме дека во 2017 година стана препознатливо и во Европа. Во 2017 година македонскиот национален тим постигна исклучително високи резултати што де факто македонската национална федерација ја позиционира меѓу најдобрите спортски федерации во Македонија.

Во 2017 година имаме три златни медали на Балканското првенство во Турција, од кои еден е сениорски, Филип Додевски и Ана Марија Георгиевска во јуниорска конкуренција, додека Дејан Георгиевски во сениорска конкуренција. Филип Стаменов и Дамјан Трајчевски освоија сребрени медали во кадетска конкуренција, Марко Стевиќ бронза во сениорска и Мери Ацевска бронза во јуниорска.Националниот тим освои три медали на европски купови од Г-1 ранг,  2 златни и 1 сребрен медал, од кои едниот златен е во сениорска конкуренција, додека Филип Додевски на јуниорското Европско првенство во Ларнака, Кипар, изгуби во борба за медал.


Дејан Георгиевски донесе два медала од европски првенства. Најпрво бронзен медал од Европското првенство за помлади сениори до 21година, при што по првата борба се здоби со повреда – скршеница на стапалото и така лавовски продолжи до бронзата која сјаеше како злато!
Оваа 2017 година Дејан Георгиевски со 5 последователни победи над натпреварувачи од Италија,Турција, Германија,Украина и во финалето Русија на сениорското Европско првенство во Софија го освои златниот медал и стана европски сениорски шампион!
Со овој историски резултат, пред се за македонскиот спорт, бидејки ова е првиот златен медал во олимписки спорт на европско првенство, Дејан и македонското таеквондо влегоа во кремот на македонската спортска историја.


Дејан Георгиевски во 2017 година беше избран за втор најдобар спортист на ниво на град Скопје, веднаш по Столе Стоилов од европскиот шампион РК Вардар. На националното доделување за спортист на годината, заради бирократки причини не беше во конкуренција за најдобар спортист, но доби посебно признание слично на Кире Ларазов, нашата ракометна икона. Според широкото стручно мислење на луѓе од спортот, Дејан Георгиевски без конкуренција е спортист на годината, а тоа е така и за МТФ“, истакнува Костовски.
Тој вели дека во 2017 година сите клубови членки на МТФ постигнале забележителни успеси со кои Федерацијата се гордее. МТФ за 2018 година подготвува цврста стратегија со која ќе атакува на нови врвни резултати во олимписко таеквондо, наведува Борче Костовски и посочува дека оваа генерација на тренери и таеквондисти тоа го ветува.

„По повод стратегијата МТФ подготвува собрание кое ќе се одржи почетоткот на месец март.

Клучна цел на МТФ е остварување на норми за  олимписките игри во Токио 2020. За таа цел ние потребна голема поддршка од МОК и АМС, која се надеваме дека ќе ја добиваме и понатаму“, вели Костовски.
МТФ и посакува среќна Нова година и Божиќ на таеквондистите и многу нови големи успеси и многу здравје!

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО