Одличен настап на Македонија на престижниот Меѓународен самбо турнир „Иван Докторов“ во Софија, освоени три медали!

Македонските натпреварувачи во кадетска конкуренција повторно покажаа квалитет на еден од најсилните Меѓународни турнири од А-категорија – „Иван Докторов“, кој се одржа во Софија, Бугарија, освојувајќи три медали – 1 сребрен и 2 бронзени.

Медалите ги освоија:
-88 кг Дин Ризвановиќ – сребрен медал
-79 кг Омер Елези – бронзен медал со 5 убедливи победи
-Адо Дрндар – бронзен медал со 4 победи
На турнирот учествуваа бројни светски и европски шампиони во самбо и џудо, што ја направи конкуренцијата исклучително силна.

„И останатите македонски натпреварувачи се бореа храбро и достоинствено, иако конкуренцијата беше исклучително квалитетна. Настапот на нашата репрезентација е уште една потврда дека македонското самбо оди во вистинска насока.
Честитки до сите натпреварувачи, тренери и стручниот тим за одличното претставување на Македонија“, вели претседателот на Македонската самбо федерација Ердал факиќ.



